Рози Хантингтон со нова колекција

26 октомври 2013

Моделот чии идоли се Бијонсе и Ријана, ја претставува својата нова колекција на удобна облека која во најголем дел ја сочинуваат свилени пижами и кашмирски џемпери.

 

 

Рози има 26 години и беше на врвот на листите за најсексапилни жени во светот. Работеше со најголемите и најпознатите имиња во модната индустрија. Сега е спремна са покаже дека има и други таленти, кои за неа се вистински предизвик но и стимул со кој сака етикетата на „секс симбол“ да ја тргне од своето име.

 

 

„Тоа е субјективно мислење и не е нешто на што јас обрнувам внимание. Секако дека воопшто не се доживувам како секс симбол и таа улога не ја сфаќам сериозно, но јасно ми е дека тоа е еден мал сегмент кој јавноста го знае за мене“, вели убавата Рози.

Манекенката ја откри еден ловец на модели уште кога имала 16 години, па така таа веќе цела една деценија се занимава со оваа работа за која вели дека ја обожава, но понекогаш знае и да ја исцрпи. Еве кој е нејзиниот клуч на успехот:

„Инстинктот, храброста, ставот, начинот на однесување, смислата за хумор, самодовербата, независноста... Научив дека за сите овие особини да се развијат треба да помине време и целиот тој процес е дел од моето формирање и созревање како личност“, кажа манекенката.

 

 

После успешното претставување на линијата за долна облека која ја изработила во соработка со компанијата Маркс и Спенсер, манекенката сега ја лансираше новата колекција на удобна облека за спиење. Рози се надева дека новите интересни модели на пижами ќе придонесат жените да се чувствуваат не само удобно кога ќе ги носат, туку женствено и убаво. Во новата линија се најдоа ноќници и пижами изработени од високо квалитетен памук, но и од свила и кашмир. Поради тоа и цените варираат почнувајќи од 35 фунти, до 149 фунти.

 

Објавено:
26 октомври 2013
Категорија: 
Колекции