Ручек со стил: „Диор“ со колекција луксузен кујнски прибор со цветни мотиви

14 април 2021

Најкреативните идеи се случуваат во изолација. Тоа го докажува реалноста, а и бајките, а го докажа и „Диор“. Оваа сезона, луксузната модна куќа „Диор“ се испроба во сосем поинакви води и ја претстави најновата колекција сет за ручање. 

Колекцијата го носи името Granville, а дизајнот го потпишува Корделија де Кастелан која во својот дизајн прави спој на раскошните градини на Нормандија, парижанскиот шик и најголемата љубов на Кристијан Диор - цветовите од каталогот на билки Vilmorin Andrieux. 

Колекцијата ја сочинуваат навистина прекрасни чинии, шолји, мали послужавници со рачно исцртани винови лози, раскошни гранчиња и хортензии, во виолетова, сина и сива нијанса. Вазните, украсните кутии и свеќниците, кои исто така се дел од колекцијата се изработени од мурано стакло. 

Во продолжение, погледнете ја колекцијата:

Објавено:
14 април 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
212 пати