Saint Laurent на модната недела во Париз претстави нов вид на сексапилен гламур и софистицираност

30 септември 2022

Назначен за креативен директор на Saint Laurent уште во април 2016 година, Ентони Вакарело упорно и успешно ја провлекува препознатливата сензуалност низ големиот и луксузен париски моден бренд, додека постојано го интегрира својот минималистички талент.

На овогодинешната Модна недела во Париз тој повторно приреди спектакуларна ревија откривајќи ја својата колекција за пролет/лето 2023 година.

Фото: Vogue

Со блескавата Ајфелова кула во позадина, ревијата на Saint Laurent се одржа на драматичните градини на Трокадеро, заедно со Fontaine de Varsovie.

Како и вообичаено, Yves Saint Laurent понуди беспрекорно величенствено и раскошно шоу, со оркестар кој свиреше додека моделите чекореа до мермерните скали.

Фото: Vogue

Помеѓу креациите, доминираа кожни јакни, фустани со качулка и палта со предимензионирани раменици, кои внесоа нов вид на секси гламур и софистицираност.

Погледнете како изгледаше ревиијата на Saint Laurent во Париз.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Објавено:
30 септември 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
237 пати