Сара Бартон ѝ даде човечко лице на новата колекција за Александар Меквин

1 октомври 2019

Сара Бартон ѝ даде човечко лице на новата колекција за Александар Меквин, пролет-лето 2020, прикажана вчера на Модната недела во Париз.

Оваа вонсериска креаторка создаде нематеријална вредност од секое од 42-те парчиња што ја сочинуваат колекцијата и дозволи целиот тим што стои зад неа, дури и луѓето вработени во секторот за човечки ресурси, да искусат директно учество во креативниот процес.

Се фокусраше на ирската традиција и рачната изработка, создавајќи безвременост над луксузот.

Бартон за потребите на оваа колекција ангажираше цел тим на уметници, секој со своја различна естетика и приказна, а од нивната индивидуалност успеа да создаде автентична целина која ќе зборува за важноста на уметноста во модниот дизајн, но и за важноста на заедништвото. Процесот на креирање на колекцијата, како што ќе изјави и самата, наликувал на „тим билдинг" во кој луѓето, колегите всушност се запознале меѓусебе, па дури и оние кои претходно никогаш не прозбореле меѓусебе.

Во дизајнот достојно е реинтерпретиран препознатливиот израз на Александар Меквин – тантела, органза, тул преку кои се сплотува романтичната, кршливата и моќната, доминантната страна на жената - правејќи ја комплетна и своја.

Објавено:
1 октомври 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
335 пати