Многу често, Ентони Вакарело е дизајнерот што ја  отвора модната недела во Париз, а така беше и овој пат. Креации во црна и маслинеста нијанса најчесто, со војнички детали, строги, но сепак секси, ја сочинуваат пролетната колекција на Вакарело.

Познато е дека тој честопати чекори на границата на сексапилот и вулгарното, што не беше исклучок ниту овој пат. Жената што ги носи неговите креации мора да биде силна, храбра и неодолива. Во контекст на тоа одат и рокерските детали, како и парчињата со женски лик.

 

На вториот ден пак се претставија и Дрис ван Нотен, кој понуди една комплетно шарена колекција. Мешањето на боите и принтовите тој ги посвети на сите жени што му се радуваат и уживаат во животот. Светкави одела, долги здолништа, фустани, сакоа се само дел од парчињата изработени од богати материјали како брокат и свила.

Она што посебно привлече внимание е оркестарот кој свиреше за време на ревијата. Дизајнерот конечно си ја исполни желбата да има свое шоу, со сите сакани елементи, и на овој начин одбележа 15 години работа.

Мезон Марџела

Мезон Марџела претстави „ледена“ колекција. Материјалите со металик сјај преточени во раквици, фустани, здолништа, во комбинација со белите парчиња го постигнаа саканиот ефект. Видовме и по некое парче во зелена, црвена, црна боја, а посебно внимание привлекоа колоритните јажиња, кои беа поставени во пределот на градите.

 

Рошас понуди волуменозни здолништа и фустани, а особено ни се допаднаа капутите се принт. Дел од агендата на вториот ден на модната недела во Париз беше и модната куќа Вјоне, која остана доследна на својата естетика, со свечени лелеави фустани.  

Објавено:
1 октомври 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
640 пати