Сен Лоран ја прикажа совршената елеганција на Париз во новата колекција

3 март 2022

Како да изгледате секси, закопчани до грло – на совршен начин демонстрираше Ентони Вакарело во неговата новата колекција за Сен Лоран, прикажана во рамките на Модната недела во Париз.

Досега ова е неговата најзрела колекција за брендот, се согласуваат модните критичари.

Чиста елеганција, онаква каква само Париз знае да оживее. Овојпат мини здолништата беа заменети со софистицирани макси тоалети, кои прикриваат сѐ, а ја истакнуваат женственоста на најпрефинет начин.

Ќе забележите дека ретро естетиката од 30-те и 80-те му дава доза гламур на современото доживување на една дама, која интригира преку мистика, под затворените капути во не претерано широк крој или класичните бунди од еко-крзно.

Масивните алки на рацете ѝ даваат белег на колекцијата, уште еднаш потврдувајќи ја улогата на модните додатоци како клучни во комплетирањето на идејата.

Женственост во својата најсуштинска форма. Колекција која апсолутно ѝ ласка на секоја дама.

Фото: Vogue

 

Објавено:
3 март 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
323 пати