Северина е пролетна дива на ревијата на Александра Дојчиновиќ

21 март 2015

Хрватската дизајнерка Александра Дојчиновиќ ја претстави новата колекција со наслов LEI LOU, целосно инспирирана од носталгичните 70 – ти години.

Како што и очекуваа нејзините обожавателки, таа повторно создаде и прикажа исклучително романтична колекција со неколку новитети кај боите и кроевите.

На ревијата на дизајнерката се појавија некои од најпознатите хрватски личности од јавниот живот, меѓу кои и единствената Северина Вучковиќ која повторно воодушеви со нејзиниот избор на облека.

Таа беше вистинска пролетна дива во комбинација составена од зелена блузичка и широко здолниште во А – крој во сите бои на виножитото. Целиот изглед таа го надополни со шик Валентино потпетици во црвена боја и нежна шминка и фризура.

Самата колекција на дизајнерката пак, изобилуваше со ретро карирани фустанчиња, но и целосно романтични создадени од нежна тантела во одлични бои.

Во колекцијата видовме и неколку кожени модели, но и такви кои беа како создадени за црвениот килим.

Во продолжение во галеријата, погледнете ги сите модели од колекцијата на талентираната дизајнерка.

Објавено:
21 март 2015
Категорија: 
Колекции