Шанел демонстрираше висока мода на париското шеталиште

4 јули 2018

Кога Карл Лагерфелд е тема на разговор, покрај возбудата за секоја следна негова колекција, подеднакво е нетрпението и кога е во прашање сценографијата со која се заокружува комплетната слика.

Овој пат, тој ја донесе високата мода на Шанел на париското шеталиште или поточно направи сценографија во Grand Palais, како совршена реплика на шеталиштето покрај Сена.

Својата нова Haute couture колекција за сезоната есен-зима 2018, тој ја пренесе во една поинаква димензија, помешана со шмекот на париското секојдневие.

Играта со текстурата ја доведува до израз врвната рачна изработка, како една од носечките референци на високата мода, овој пат проткаена низ нијансите на сивата боја.

Не треба да споменуваме дека твидот како дел од DNA составот на Шанел, е доминантно присутен, во модифицирани варијанти интерпретирани во дизајнот на капутите, сакоата, фустаните и здолништата...

Објавено:
4 јули 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
228 пати