Шанел остави без здив: Шармантен париски дух комбиниран со спортски патики!

21 јануари 2014

Колекцијата на Шанел што утрово беше презентирана во рамки на париската недела на висока мода, ги остави присутните без здив!

Во истата можеа да се видат безвременски светкави парчиња направени од неверојатни материјали како создадени за високата мода.

Chanel

Она што беше интересно за сите присутни беше тоа што буквално сите парчиња, тоалети, здолништа и куси блузички беа комбинирани со спортски патики во сличен дух. Кај моделите можеше да се види и интензивна шминка крунисана со една светкава линија под очите.

Дел од фризурите кај моделите исто така беа многу впечатливи, а дел пак сосема обични и залижани на патец настрана.

Chanel

Највпечатливата девојка во целата ревија беше секако Кара Деливињ која Карл Лагерфелд ја одбра да биде „невестата“ на вечерта.

Таа се појави во друштво на малиот Хадсон Крониг, инаку роднина на Лагерфелд. Носеше прекрасна и неверојатно елегантна долга невестинска тоалета со транспарентен материјал и светки низ целата креација. Фризурата беше интересно собрана со ултра креативна круна со пердуви.

Chanel

На равијата на Шанел, сосема очекувано се појавија голем број негови обожавателки како Олга Кириленко, Елена Перминова, Стела Тенант и други.

Олга Кириленко Олга Кириленко

Елена Перминова Елена Перминова

Во продолжение погледнете го прекрасното шоу на Шанел и моделите за кои знаеме дека ќе воздивнете.

Објавено:
21 јануари 2014
Категорија: 
Колекции