Омилениот српски дизајнер Михајло Анушиќ кој веќе неколку години работи под брендот Михано Мимоса, ја претстави својата пролет - лето 2016 колекција која е неверојатно шармантна како што очекувавме.

Младиот и талентиран дизајнер во колекцијата повторно смести многу романтични парчиња во пастелни бои, меѓу кои и фустанчиња со пердуви, кошули со цветови на ракавите, здолништа во розови и сини пруги, слатки креации од тантела и тул и што уште не.

Презентацијата на колекцијата се случи во единствениот амбиент на „Југословенската кинотека“ каде девојките чекореа грациозно по скалите надолу, во новите шик креации на српскиот дизајнер.

Погоре во галеријата погледнете ги сите креации од пролетната колекција на Момоса, во која веруваме дека ќе се заљубите на прв поглед.

 

Објавено:
17 ноември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.186 пати