
Најновата ресорт колекција на брендот Блумарин без двоумење може да се нарече шеќерна. Со лесни и транспарентни материјали и бои на шеќерна волна, во оваа летна колекција ќе се пронајдат сите девојки и жени што го негуваат романтичниот стил.
Тантелата е доминантен материјал. Цвеќињата се често застапени или како принт, или како извезени апликации, што даваат и по малку ретро нота. Фустанот пак со 3Д цветни апликации дава сосема модерно видување.
Во овој микс од влијание, внимание ни привлече и кимоно фустанот, како и актуелната хипи комбинација – ѕвонарки и кошула со вез.
Транспарентните тантелни фустани се едни од најпосакуваните летни парчиња, па Блумарин овој тренд го смести и за следната летна сезона.
Колекцијата не е ништо ново, но ги содржи сите посакувани и актуелни нешта, што веруваме ќе му донесат профит на брендот.