Шик комбинации од неспоиви парчиња во новиот лукбук на H&M

30 септември 2014

Новата кампања на актуелната есенска колекција на шведскиот бренд H & M нуди сосема нови и свежи комбинации на парчиња што никогаш не сте си замислувале дека одат супер заедно!

Како главно лице на кампањата, овој пат се појавува полската убавица Магдалена Фраковијак во шик и неверојатно интересни комбинации, во кои сме убедени дека ќе си најдете по некое парче за себе.

Особено интересни се оние комбинации во кои стилистите на брендот на неверојатен начин спојуваат женски костим во сива боја со тренди црни патичиња и зимска капа со розово волнено топче.

Во есенската колекција на брендот, трендсетерките можат да најдат многу крзнени парчиња, комбинезони, секогаш нежни плетеници, кожени панталони, транспарентни парчиња, шик чевли, цветни дезени и многу тексас!

Со оваа одлична фотосесија, шведскиот бренд уште еднаш ни покажа зошто е еден од омилените на девојките ширум светот!

Објавено:
30 септември 2014
Категорија: 
Колекции