Шпанскиот бренд Uterque има совршена „бела“ колекција за лето

6 јули 2020

Белата боја секогаш привлекува внимание, но изгледа никогаш не ни изгледа така магично како во лето. Асоцира на чисто и на слобода, она што ни изгледа дека во моментов не можеме да го уживаме во целост.

Водени од тоа дека белите парчиња се совршени за лето, шпанскиот бренд „Uterque“ пласираше колекција која изобилува со такви комбинации. Покрај оваа нијанса, колекцијата ги обединува некои од најголемите трендови за сезонава  - кошула фустани, плетени парчиња, широки панталони со висок струк, макси здолништа и ленени кошули.

Секако дека најновото од овој „уличен бренд“ вклучува и други бои како портокаловата, сината, црната..., кои исто така се прилично застапени сезонава.

Начинот на комбинирање на парчињата е добар пример за тоа како да го постигнете тој изглед, а притоа да се чувствувате комотно и удобно дури и на високи температури.

Во продолжене погледнете некои од комбинациите кои нам ни привлекоа внимание:

Објавено:
6 јули 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
362 пати