Што ни се допаѓа, а што не кај новата колекција на „Валентино“

27 јануари 2021

Модната недела во Париз посветена на Високата мода е во тек, а „Валентино“ е меѓу последните брендови кои ја претставија пролетната колекција.

Еве што ни се допадна, а што не во најновите креации:

ДА

-Пјерпаоло Пичоли кој е уметнички директор на брендот, посочи за „Вог“ дека колекцијата нема име, приказна - се работи само за облеката, колекција за колекција. И во време кога сите се трудат да понудат повеќе шоу отколку дизајн, го почитуваме моментот во фокус да се стават парчињата.

-За поздрав е што и секојдневните парчиња ги става во контекст на Висока мода, па можат да се видат комбинации со панталони, дуксери, ролки...

-„Сметам дека елеганцијата не е “добриот вкус“, туку смелост'. И во таа насока дизајнерот понуди спортска естетика во Висока мода која сепак содржи нота на елегнација, направи микс на машки и женски парчиња не сакајќи да се ограничува во креативноста и да прави такви граници. 

-Во фокус ја става структурата - нема пончо,наметка, туку само структура - за да може да го носи кој ќе посака.

-Не ја заборава ниту дозата гламур што ни е потребна, па последниот дел од ревијата е токму резервиран за тоа. Златната нијанса и светките се дел не само од облеката, туку и шминката. Нека блесне човекот - и преку неговото лице и преку неговата облека. 

 

НЕ

-Очигледно е дека високите платформи, кои мораме да признаеме се еден од најомразените модни трендови некогаш, Пичоли ги враќа. Речиси сите обувки се токму такви и да бидеме искрени, воопшто не би сакале да се вратат. 

-Без разлика колку е кул да се стави секојдневната облека во ваков моден контекст, сепак ќе се согласите дека „Валентино“ не понуди ништо воодушевувачки. Се држи до проверените нешта дури и кога се боите во прашање. Структуралноста ја истакнува во оваа колекција, но не нуди ништо фасцинантно во поглед на тоа.

-Не и за премногу слабите манекенки кои доминираат на писта. Во Франција макар доста мерки се преземаа за ова прашање, па не може да не сме малку изненадени што изборот на манекенки е на долната граница.

Погледнете уште неколку креации:

 

Објавено:
27 јануари 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
841 пати
Тагови: 
Валентино