Што сакаше Скијапарели да каже со колекција што ги шокираше сите?

24 јануари 2023

 


Постојаната желба да изненадиш доведува до агонија. Секогаш сакам да демонстрирам моќ, но на различен начин. Ништо не е како што изгледа.

Токму овие зборови на Даниел Розбери, уметничкиот директор на модната куќа Скијапарели, говорат за неговата амбиција да го покаже невозможното.

И токму тоа му беше целта и со последната пролетна колекција, што за жал беше мета на многу критики поради трите вештачки животински глави (лав, леопард и волк) што продефилираа на модната писта заедно со останатите уникатни парчиња.

Розбери всушност ги прикажа лавот, леопардот и волкот, инспириран од Дантеовиот пекол, каде што секое од овие животни симболизира нешто (гордост, страст и среброљубие)

Француската модна куќа отсекогаш го ставала ексцентричното во преден план, уште од времето кога Елза ја основаше во 1929 година.

Така и сега, целта на Даниел беше да шокира, да го покаже невозможното конфронтирајќи се со овие три животни. Она што го чувствувал додека ја подготвувал колекцијата според него било слично на теророт што самиот Данте го осетил во пеколот.

Да ставиш жени во машка облека, и истовремено силуетата да изледа супер женствена е тешка работа, но генијалноста на Скијапарели го направи сето тоа и многу повеќе.

Но, не беше ставено во преден план како зад секое парче се крие макотрпната работа на Даниел и неговиот тим. Беа на мета вештачките глави од животните и критиките од активистите, иако добро се знаеше дека главите се вештачка креација.

Аспирациите на Розбери овој пат отидоа предалеку, а можеби и јавноста се уште не е спремна за генијот што допрва ќе фасцинира со своите дизајни.

Фото: Vogue

Објавено:
24 јануари 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
445 пати