Силен феминистички дискурс во новата колекција на Диор

26 февруари 2020

„Да се запамети жената. Нејзиното однесување. Нејзиниот став. Не дизајнерот кој стои позади облеката", со ваква промисла Марија Грацја Кјури ја креираше новата колекција на Диор во која силно е присутен фенимистичкиот дискуср.

Беше прикажана вчера на Модната недела во Париз и веројатно ќе биде една од најзабележаните ревии оваа сезона.

Политизирањето на општествената улога на жената, постојано е присутно преформулрано на моден јазик во колекциите на Диор, откако Кјури застана на чело на брендот.

Моментот се поклопи и со конечната пресуда за Харви Вајнстајн кој беше прогласен за виновен за силување и сексуално злоставување, па повторно се актуелизираше #MeToo движењето кое има свој контекст во оваа приказна на Диор.

Кјури овојпат пред себе ја имаше сликата за себе – таа како тинејџерка во 70-те за кои вели дека ја оформиле како личност и го оформиле нејзиниот став, затоа што токму таа деценија централно беа поставувани прашањата за улогата на жените, а тоа се  годините и нејзиното лично феминистичко будење.

„Ова е многу личен визуелен дневник. 70-те ми го дадоа ставот што сега го имам", објаснува Кјури.

Ќе забележите дека во увертирата на колекцијата е ставен акцент на култното палто на Диор од „Новиот изглед", разработено во повеќе верзии. Следуваат изгледи кои по својата форма се опуштени и релаксирачки, во однос на тоа како ние го препознаваме Диор, но суштински се потсетник на бунт и гласност, за жената која ја носи облеката...

 

Објавено:
26 февруари 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
483 пати
Тагови: 
Диор