Заврши уште едно издание на традиционалниот BIPA FASHION HR, а сосема во нивен стил, хрватските девојки и момци го одбележаа последниот ден со супер стилски комбинации.

Честа да го затворат годинешното издание на хрватскиот моден викенд имаат пет познати дизајнери, односно Ивица Скоко, Ана Марија Рицов, Мартина Феља, BiteMyStyle by Zoran Aragaovic и IK Studio на Ивица Клариќ.

BiteMyStyle by Zoran Aragaovic

Ревиите на овие дизајнери и брендови, како и сите останати денови ги проследија бројни познати личности од хрватскиот јавен живот меѓу кои и Индира Левак, Анкица Добриќ, Бојана Грегориќ, Роберт Север, Маријана Батиниќ и многу други.

Покрај тоа што кај поголемиот број дизајнери можевме да видиме колорит на пистата, истото беше случај и со посетителите кои уште еднаш докажаа дека се неверојатно стилски и секогаш знаат да одберат супер комбинации.

Што се однесува до колекциите, дел од дизајнерите претставија романтични пролетни фустани во нежни нијанси како што беше случај со Ивица Скоко и Мартина Феља, неодолив колорит и геометриски форми кај BiteMyStyle by Zoran Aragaovic, готика и помалку мистичност кај Ана Марија Рицов и спој на модата и технологијата кај Ивица Клариќ.

Ивица Скоко

Дефинитивно најголем впечаток остави колекцијата на Зоран Араговиќ и неговата линија BiteMyStyle чија ревија ја отвори неговата миленичка Ела Дворник во интересен тесен фустан со црно – бели пруги, а сите парчиња продолжија во тој правец со малку повеќе колорит.

Во продолжение во галеријата погледнете ги стајлинзите на посетителите од последната вечер и дел од парчињата на хрватските дизајнери што го затворија годинешното издание на BIPA FASHION HR.

Ана Марија Рицов

Објавено:
21 март 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
365 пати