Софистицирана класика на Проенза Скулер

25 декември 2014

„Пред – есенската колекцијата е микс на една сезонска колекција со друга и враќање на трендовите кои биле актуелни во минатото“ – објаснува Лазаро Хернандез при лансирањето на колекцијата. Карираните пуловери и реси од претходната колекција добија сосема нов изглед, односно андрогени топови и носливи плетива во сива, бела и црна боја. Модните дизајнери исто така вклучија широки панталони во комбинација со маици, капути со строг крој, плетени фустани, здолништа со А – крој и плисирани здолништа. На кратко, пред – есенската колекција може да се оцени како софистицирана класика.

Во однос на модните додатоци, најголемо внимание привлекуваат чевлите со реси и моделот на чанта Кент во коцка форма. Во галеријата, погледнете што подготвија дизајнерите на Проенза Скулер во пред – есенската колекција за 2015 година.

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Колекции