Сонот на Викторија Бекам се оствари! Ја претстави својата пролетна колекција на своето деби на Модната недела во Париз

3 октомври 2022

Првата ревија на Викторија Бекам во Париз се одржа во петокот попладне во рамките на париската модна недела.

Поканета заедно со неколку авангардни модни гиганти, Бекам - која започна во Њујорк и ја пренесе својата ревија во Лондон за 10-годишнината од нејзиниот бренд, конечно стигна до Париз.

Фото: Vogue

„За мене е од големо значење да имам ревија во Париз. Тоа беше мој сон, и затоа колекцијата мора да го одрази тоа", изјави Бекам.

Фото: Vogue

Нејзиното долго и темелно модно образование и искуство дефинитивно се отслика преку оваа колекција на Бекам. Овој процес ѝ овозможи да создаде совршено елегантни и софистицирани креации, со доза храбри одлуки како деконструирани фустани во комбинација со латекс хулахопки и ракавици, како и наметки, палта со исечени рабови, реси, карнери, лелеави проѕирни материјали, кожни јакни, пастелни нијанси и необични пресеци.

Фото: Vogue

48-годишната дизајнерка го прослави своето парискодеби и нов успех појавувајќи се на забава по ревијата во присуство на својот сопруг Дејвид Бекам и децата, облечена во зелена макси тоалета со долги ракави и асиметрично деколте во спој со високи црвени чизми.

Фото: irishmirror.ie

Фото: irishmirror.ie

Погледнете како изгледаа нејзините креации претставени на ревијата на Модната недела во Париз.

Фото: Vogue

Објавено:
3 октомври 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
4.423 пати