Спектакуларно модно шоу на Том Форд во Лос Анџелес!

21 февруари 2015

Холивудските ѕвезди вчеравечер, на само два дена пред Оскарите, се појавија во своите најдобри изданија на спектакуларното шоу на Том Форд во неговиот омилен Лос Анџелес.

И наместо да се претстави на актуелната модна недела во Лондон, американскиот дизајнер конечно реши да ја претстави неговата есенска колекција во градот што тој милува да го нарече негов дом.

Како што и се очекуваше, на ревијата во Milk Studios во Лос Анџелес се појавија некои од најактуелните холивудски ѕвезди во моментов.

 

Во секси изданија можевме да ги видиме Мајли Сајрус, која на ревијата се појави со нејзиното ново момче Патрик Шварценегер, потоа Гвинет Палтроу, Риси Витерспун, Џенифер Лопез, но и омилените Бијонсе и Џеј Зи кои уште еднаш сосема се координираа со облеката.

„Шоуто беше прекрасно, спектакуларно. Ние сме му многу благодарни што конечно направи ревија овде, во Лос Анџелес бидејќи тука има многу обожаватели. Едвај чекаме да го видиме и неговиот нов филм, благодарни сме што тој е дел од нашето општество“, изјави актерката Витерспун по завршувањето на ревијата.

Риси Витерспун Риси Витерспун

На истата се појави и неговата омилена, како што тој милува да ја каже, Џулијан Мур која во 2009 – тата година беше дел од неговото режисерско деби, филмот „A single Man“, што дури имаше и номинации за Оскар.

Ѕвездените диви што беа дел од 500 – те гости на ревијата на Форд, се чини дека се натпреваруваа која ќе се појави во посекси издание! Речиси сите одбраа куси или сосема транспаренти фустани со делови од тантела од изборот на вечерни креации на дизајнерот.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Вечерта дефинитивно преовладуваа црната и белата боја, но имаше и девојки кои се одлучија за ѕвездениот настан да одберат и раскошна златна, па во едно токму такво фустанче можевме да ја видиме сексапилната Роси Хантингтон Вајтли која на ревијата се појави со нејзиниот партнер Џејсон Статам.

Што се однесува до парчињата од есенската колекција на дизајнерот, истата беше целосно направена, па дури и презентирана во американски дух.

Низ креациите можеше да се види суптилната рачна изработка кај некои од парчињата како на пример кај неодоливите и женствени здолништа со висок струк.

tom-ford020

Целата колекција беше неверојатно фанки, дива, но во исто време и раскошна и елегантна. Во истата можевме да видиме многу животински принтови претежно комбинирани со тексас материјали претворени во интересни здолништа, но и фармерки.

tom-ford005

Особен впечаток оставија вечерните парчиња што Форд ги „зготви“ за неговите обожавателки, кои варираа од едноставни црни женски костими, па сѐ до светкави и транспарентни елегантни и шик фустани со реси.

tom-ford036

 

Кога сме кај ресите, тие дефинитивно преовладуваа на пистата и истите можевме да ги видиме како кај парчињата, така и кај модните додатоци и тренди кусите фустанчиња што дизајнерот ги претстави.

tom-ford025

Покрај другото, на пистата видовме многу крзно во боја, но и модерни и висококвалитетни чизми до колената по кои веруваме дека неговите обожавателки ќе „полудат“.

tom-ford027

Во пресрет на претстојните Оскари, ние искрено се надеваме дека ќе видиме барем една од ѕвездите во фустанот на Том Форд што прекрасната Карли Клос го прикажа на пистата вчеравечер!

tom-ford038

Како вам ви се допаѓа колекцијата?

Објавено:
21 февруари 2015
Категорија: 
Колекции