Спортска колекција на Шанел

12 јули 2013

Кога е во прашање Шанел, првата асоцијација најчесто ни е Париз и Коко, бисери, малиот црн фустан, сакото од твид и Шанел 2.55 чантата.

Но, познатата француска модна куќа одлучи да остави трага и во спортскиот свет, па дизајнираше разни додатоци за спорт. Од тегови и даска за сурфање, преку тениски рекети и бејзбол топчиња, па се до опрема за риболов.

Тука е и обрач-чантата која покажа дека може да биде мултифунционално парче. Спортстките модни додатоци веќе имаат обожаватели меѓу познатите дами.

Објавено:
12 јули 2013
Категорија: 
Колекции