Спортската колекција на Ирина Тошева за „Цеботекс“ урбано промовирана на скопскиот скејт-парк

10 февруари 2016

Дуксери, маици и хеланки се само дел од колекцијата со потписот на дизајнерката Ирина Тошева во продукција на македонската фабрика „Цеботекс", која беше презентирана денеска на скејт – паркот лоциран на Кејот на реката Вардар, во организација на Моден викенд Скопје.

Колекцијата која вбројува 15 спортски машки и женски парчиња и го носи името „Cebotex activewear by Irina Tosheva " беше претставена со необичен перформанс на манекенки, „бемиксери" и „блејдери" со музиката на диџејката Ана Мало.

Спортската колекција е реализирана во рамките на проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките " кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации.

Проектот е дел од бизнис програмата на последната дванаесетта сезона на Моден викенд Скопје, која резултираше со соработка помеѓу македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс" и дизајнерката Тошева која работеше на колекцијата неколку месеци .

„ Редовно ги поддржуваме талентираните дизајнери и развојот на домашната економија. Со таа цел се трудиме да ги поврземе креативците со македонските фабрики и брендови. Сметаме дека Македонија има дизајн кој не заостанува во однос на познатите странски брендови а и цените на оваа колекција се достапни за домашните купувачи.", велат организаторите на настанот.

Парчињата од колекцијата се достапни за продажба во ателјето на дизајнерката Тошева како и на веб страниците www.bastetnoir.com и www.irinatosheva.com.

Објавено:
10 февруари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
933 пати