Стабилноста на водата пресликана во новата колекција на Армани

1 март 2021

Како би можела водата  биде стабилна? Секако дека не, освен ако не е изворна инспирација за најновата колекција за есен зима 2021 на Армани, брендот кој дише во ритамот на стабилноста и перфектниот крој.

Години наназад ја негуваат традицијата на совршеното одело, па ниту на оваа колекција не и' недостасува доследност, во овие нестабилни времиња. 

На прв поглед, делува како да сте нурнале во најдлабоките морски ширини, каде темните нијанси и текстури на водата се прелеваат со мистичноста, по некој зрак светлина и синило.

Панталони со широки ногавици, панделки од кадифе во комбинација со сила и жоржет, детали од мониста, совршено скроени одела и 3д елементи во горните делови.

Се' на се', софистицирано, елегантно, умерено како што доликува за Армани

Објавено:
1 март 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
703 пати