Стела Мекартни дизајнираше колекција од еко кашмир

9 август 2016

Дизајнерката Стела Мекартни е позната по нејзината грижа за околината и борбата за заштита на животните, па во тоа име претстави и нова колекција целосно изработена од еко кашмир.

Кашмирот има најголемо влијание врз околината од сите сирови материјали кои се користат во текстилната индустрија.

Со секоја нова колекција, дизајнерката истражува како да се намали негативното влијание кое врз околината го остава производството на ткаенини, а со оваа колекција одлучи да ги истражи и сите можности на регенерирање кашмир од отпаден материјал.

Во вообичаениот процес на производство на кашмир потребни се четири кози за да се изработи еден џемпер, додека на пример во масовната индустрија за волна, потребна е една овца за пет волнени џемпери.

Поради тоа, дизајнерката го замени традиционалниот кашмир со регенерирано предиво произведено во Италија.

Покрај фотографиите, снимено е и видео со цел да се подигне свеста за влијанието на производството на кашмир на околината, а во главната улога се најде прекрасната босанска манекенка Наташа Војновиќ.

Објавено:
9 август 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
206 пати