Познатиот еко бренд Reformation повторно лансираше пролетна plus size колекција, овојпат дополнета и освежена со нови прекрасни парчиња.

Брендот што е познат по фокусот на одржлива мода, повторно во продажба, овојпат засекогаш, ги враќа омилените пролетни парчиња на plus size девојките ширум светот.

Во колекцијата тие сместија 18 од нивните најпродавани парчиња почнувајќи од лелеави пролетни фустани, па сè до џинс и едноставни маички совршени за пролет.

Како што изјавија, тие во колекцијата секој месец ќе додаваат по некое ново стилско парче кое ќе одговара на сечие тело.

„Мојот најголем сон е да ја презентирам одржливата мода секому. Отсекогаш ми беше важно да ги вклучам сите жени во моите колекции. Единствено што сакаме е сите жени да можат да ги носат нашите парчиња и да се чувствуваат добро во нив“, изјави Јаел Афало, основачка и директор на брендот.

Цените на парчињата од оваа колекција започнуваат од 48 долари, а интересот е толку голем што веќе има листа на чекање.  

Инфо и фото: Refinery 29

Објавено:
1 април 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
457 пати