Студентката Магдалена Лебамова ја реализираше летната колекција „The Abstract Nature“

2 јули 2020

Од циклусот интервјуа со идните модни дизајнери, во првиот разговор со Магдалена Лебамова, студентка на ЕУРМ на отсекот за моден дизајн, ви најавивме дека таа ја подготвува својата летна колекција „The Abstract Nature" која ја реализира во рамките на програмата на наставниот предмет „Колекција 2", под менторство на проф.д-р. Јана Манева Чупоска.

Деновиве, Магдалена ни испрати фотографии од крајниот продукт – комплетно реализирани дизајни што ги обединуваат ведриот дух и оптимистичката порака, што младата и талентирана идна модна дизајнерка, ја пренесува до публиката во време кога ведрината ни е неопходна.

„Колекцијата се наоѓа во пролет/лето сезоната, боите кои се одбрани за оваа колекција одлично се вклопуваат со веселите нијанси на пролетта за време на овие две годишни времиња. Насловот на темата е „The Abstract Nature" и се реализира со помош на апстрактни цртежи со акрилни бои, рачно насликани на материјали од лен и памук. Колекцијата е наменета за млади девојки од 18 до 35 години кои сакаат да се претопат во боите на пролетта додека ги извршуваат своите секојдневни обврски. Оваа Casual колекција ќе им помогне да го истакнат својот ведар дух на најдобриот начин", ни посочи Магдалена.

Погледнете го резултатот.

 

 

Објавено:
2 јули 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.306 пати