Сублимат од машката модна недела во Лондон

18 јуни 2015

Модната недела во Лондон посветена на машката мода заврши, а пред модниот свет да се пресели во Милано, ви ги претставуваме најзастапените трендови презентирани во британската метропола.

Широки парчиња со принтови се присутни речиси во секоја колекција. Исто така, меѓу доминатните трендови и комбинации се оделата. Во таа насока, Том Форд остана доследен на прецизните строги кроеви.  Од Барбери пак, очекувано можевме да видиме мантили и одела од твид.

Burberry Prorsum Burberry Prorsum

Шорцевите до колена се нешто што секој маж би требало да ги има за летната сезона, а освен принтовите во различни бои, белата, сива и тегет се боите кои остануваат константа во машкиот гардеробер.

Од класични модели, па до необични и храбри креации од мрежа, најлон, транспарентни материјали и слично, Лондон покажа уште еднаш дека е отворен за повеќе стилови и ја започна приказната која продолжува како што рековме во Милано утре, а потоа во последната недела од месецот во Париз.

Во продолжение погледнете дел од претставените трендови за пролет-лето 2016.

Објавено:
18 јуни 2015
Категорија: 
Колекции