Суки Ватерхаус е новата летна девојка во кампањата за Суперга

8 април 2014
Русокосата убавица, модел и актуелна девојка на неодоливиот актер Бредли Купер, Суки Ватерхаус, воодушевува со својот сладок изглед во новата летна кампања на култниот италијански бренд за изработка на обувки Суперга.
Рита Ора и Алекса Чанг кои претходно го носеа модниот печат на брендот, го предадоа жешкиот факел  во рацете на Суки и се чини дека не погрешија, бидејќи 22-годишната манекенка заврши одлична работа. Концептот на новата кампања се базира на италијанскиот израз „Sprezzatura“-уметност да се изгледа прекрасно без да се вложува било каков напор.
 Со изглед инспириран од 60-тите години, што без сомнение потсетува на легендарната модна икона Брижит Бардо и карактеристични амбиентални елементи за италијанската мода и култура, Ватерхаус успешно го доловува концептот и целта на кампањата.
Брендот успеа да ја искористи популарноста на патиките што модниот крал Карл Лагерфелд ја наметна како тенденција,  но отиде малку подалеку дизајнирајќи класични модели во сите бои на виножитото. Модерните патики, одлично се вклопија во летниот изглед на Суки кој што беше зачинет со стилски комбинации на шорцеви и кошули врзани на половината, како и фустани со едноставен крој, волуменозно здолниште и стегната половина исцртани со богата плејада на принтови и отпечатоци. Лежерноста и удобноста на чекорот треба да биде на прво место во летната модна интерпретација на секоја девојка.
Објавено:
8 април 2014
Категорија: 
Колекции