Супер шик моделите на фармерки оваа пролет доаѓаат од Дизел!

16 април 2015

Познатиот моден бренд Дизел ја претстави новата колекција инспирирана од сончевата Калифорнија. Нивната нова колекција е составена од шик модели на фармерки инспирирани од лежерниот дух на прекрасната Калифорнија позната по опуштениот и прекрасен живот, но и лудите забави и песочните плажи.

Парчињата од колекцијата се неверојатно модерни и шик, изработени од висококвалитетен тексас во неколку бои и нијанси. Нивната линија е вистинско олицетворение на авантуристичкиот дух на смелите девојки, а парчињата се како создадени за сите оние кои сакаат малку поинакви, навидум недовршени и разресени модели.

Со оглед на тоа што фармерките и оваа сезона се број еден парче во плакарот на секоја девојка и облека без која не може да си го замислиме секојдневието, веруваме дека секоја од вас ќе си најде по некое парче за себе во колекцијата.

Во галеријата подолу погледнете ги сите модели од кои е составена новата супер шик колекција на Дизел.

Објавено:
16 април 2015
Категорија: 
Колекции