Светки, педруви и принтови во новата женствена колекција на Ели Сааб

15 јануари 2022

Вибрантна естетика обоена во раскошна колорна палета, неколку различни стилови обединети под моќта на женственоста – вакви се нашите први впечатоци од новата луксузна колекција на Ели Сааб.

Дизајнерот свесно ѝ понуди на својата публика колекција која ќе предизвика радост и задоволство, после годините поминати дома во лежерна облека.

Пердуви, светки, принотви се заедничкиот предзнак што носи богата слоевитост во оваа совршена дизајнерска целина.

Сааб вметнал и посекојдневни парчиња, како што се меките џемпери и блузи во ексклузивни аутфити, споени со екстравагантни здолништа и елегантен накит.

Од драмата не отстапува, овојпат присутна преку предимензионираните волумензни кроеви, а ќе насетите и малку диско шмек отелотворен преку светкавите одела и ѕвонарки.

Очекуваме дел од овие блескави креации да видиме и на оскаровската црвена патека.

Сааб го подготвува светот за забава, но ќе видиме колку и оваа година тоа ќе го дозволи.

 

 

Објавено:
15 јануари 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
668 пати