Тазе дуксери од Омајгад!

4 ноември 2015

Урбаното движење Омајгад чија примарна мисија е промовирање на кирилицата и македонскиот дизајн, со интересна и спонтана фотосесија ја најави првата линија дуксери што ќе бидат промовирани оваа сабота со почеток во 11 часот во познатото скопско Кафе Љубов.

Графичкиот дизајнер Гоце Велески кој ја покрена иницијативата Омајгад , за неговата зимска колекција дуксери направи и еден нов дизајн посветен на пријателите на Омајгад, а покрај тоа ги искористи и веќе познатите дизајни од втората негова колекција , „Омајгад за Скопје" која стана култна помеѓу урбаните ликови во градот.

Ова е прва колекција дуксери на Омајгад, по четирите линии маички со интересни натписи на кирилица.
За фотосесијата како модели беа ангажирани Ангелина Блажеска и Јанко Смилевски, фотографиите се на Јане Наумоски, а како арт директор се потпишува Мери Шешо.

Објавено:
4 ноември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.617 пати