Том Форд секогаш ги предвидува желбите на жените: Создаде колекција за фантазирање

17 септември 2020

Том Форд секогаш знае да ги предвиди желбите и страстите на жените. Во тоа е генјален. Затоа е и нивен миленик.

А откако сите се најдовме во еден мрачен и сив период, зарем не посакуваме повеќе да фантазираме и така, со фантазија да го исчистиме сивилото?

Том Форд ни го даде одговорот со неговата нова пролет-лето колекција за 2021 година, презентирана во дигитален формат во рамките на Модната недела во Њујорк.

Колекцијата е враќање на надеж низ насмевка, многу бои, еклектични принтови и е создадена за танцување, забава и радување на секој ден во животот.

„Последо нешто што сакам да видам е сериозна облека. Мислам дека на сите ни е потребно бегство. Мислам дека сакаме да се смееме. Знам дека она што сега ни се случува во светот не дава простор да се смееме. Затоа создадов облека за надеж", вели дизајнерот.

Ѕирнете каква пролет ни предвидува Форд за следната година.

Објавено:
17 септември 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
520 пати