Тони Рико ја размрда модната недела во Загреб

25 ноември 2013

При составувањето на колекцијата дизајнерите секогаш имаат појдовна точка во подготовка на парчињата. Не ретко тоа е цела приказна која може да носи и многу јака порака. Овој пат Тони Рико упати порака за лошата општествена состојба во земјата која секако не ја заокружува ни работата на модните куќи.

Дизајнерот кој е на постдипломски студии решил одредено време да помине во едно село на границата со Унграрија каде сеуште се почитува плетењето како занает, кое за жал најмногу се цени во светските метрополи, но не и на Балканот каде во минатото имал најголема примена.

Уникатната идеја ја вклучува познатата реченица на Марија Антоанета –Ако немаат да јадат леб, дајте им колачи. Токму затоа на почетокот на ревијата девојка облечена во стилот на Марија Антоанета прошета по пистата, а потоа следеше колекцијата која не би можела да се опише на едноставен начин, туку е потребно да ја разгледате галеријата во продолжение.

Објавено:
25 ноември 2013
Категорија: 
Колекции