Топ модели во новите пролетни кампањи

15 јануари 2014

Главна ѕвезда во новата кампања на DKNY е Кара Делевињ, а покрај неа на улиците на Њујорк се појавуваат и Џордан Дун, Елиза Камингс, Дилан Рајдер и Асап Роки.

Американскиот дизајнер Мајкл Корс и за пролетната кампања се водеше по веќе препознатливиот негов заштитен знак – гламурот. Дел од новата кампања се Кармен Педару и Симон Несман кои позираа пред објективот на Марио Тестино на улиците на Калифорнија.

И за крај последна, но сепак феноменална или пак можеби една од најдобрите пролетни кампањи е онаа на Баленсијага. За потребите за новата кампања Александар Ванг ја ангажираше Дарија Вербови, а фотографиите ги потпишува Стивен Клеин.

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Колекции