Топла пролетна кампања на Зара со супер тренди парчиња

3 февруари 2014

Омилениот на голем број девојки ширум светот, шпанскиот бренд Зара ја објави својата пролетна кампања за 2014 година и уште еднаш ги освои нивните срца.

Фотографиите што се дел од кампањата ги направи одличниот Патрик Демарчелие, во интересна пролетна атмосфера.

Моделите позираат во одлични парчиња од брендот во свежи пролетни бои и модели што се супер носливи во текот на топлите месеци.

Во колекцијата преовладуваат кусите блузички што во последно време станаа омилени на многу трендсетерки. Истите се во комбинација со интересни здолништа со супер крој и различна должина.

Она што е особено интересно во целата колекција е враќањето на дрвените кломпи што може да се видат скоро во секоја комбинација на брендот. Што се однесува до чевлите, покрај кломпите во колекцијата може да се видат и интересни пролетни кожени чевли што ќе бидат вистински хит следната сезона.

Погледнете ја целата кампања на Зара и одберете си некое парче во кое подготвени ќе ја дочекате пролетта.

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Колекции