„Топшоп“ има одлични костими за капење

2 јули 2016

Брендот „Топшоп“ неодамна го презентираше лукбукот со костими за капење за оваа сезона.

Ако сте љубител на спортски костими за капење, но сепак и секси, тогаш несомнено ќе ви се допадне тоа што британскиот бренд го предлага за летните месеци.

Без разлика дали повеќе ви се допаѓаат едноделните или дводелните, „Топшоп“ ги има идеалните комбинации во кои ќе се чувствувате удобно и провокативно. Освен еднобојните, колекцијата содржи и шарени костими за капење, а особено ни се допаѓаат оние со флорален принт.

Она што е исто така добро кај овие модели е што можете да ги комбинирате со тексасни шорцеви или куси панталончиња и некоја маичка и подготвени сте за сите летни авантури.

Објавено:
2 јули 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
4.468 пати