Гламурот секогаш е присутен кога се во прашање колекциите на Зухаир Мурад. Но, во последната ресорт колекција за 2017, неговиот препознатлив гламур добива нови спортски вибрации, лежерен и тропски шмек.

Линиите и силуетите на креациите се во стилот на 70-тите, навезени се со флорални мотиви што впрочем е карактеристика во дизајнот на Мурад, а комбинирани се со ниски сандали, џинс или пак бомбер јакни што на целата колекција и го дава спортскиот и опуштен сензибилитет.


Дизајнерот во создавањето на оваа колекција се инспирирал од делата на фотографот Дејвид Хамилтон и францускиот сликар Анри Русо кој во своите дела често пресликувал сцени од џунгла, па од тука и егзотичната, тропска позадина на лукбукот за ресорт колекцијата.

 

Објавено:
29 јуни 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
929 пати