Роксанда Илинчиќ е една од најпознатите балкански дизајнерки која секогаш создава вистинска магија кога е облеката во прашање.

На модната недела во Лондон таа прикажа уште една ултра женствена колекција полна парчиња во која жените ќе се чувствуваат уникатно.

За пролет 2019, српската дизајнерка прикажа лежерни и лелеави блузи, широки и удобни здолништа изработени од неверојатни материјали совршени за пролет.

Дизајнерката секогаш се инспирира од архитектурата што можеме и да забележиме, а овојпат целата колекција се врти околу „убавите женски тела со облини“.

И Илинчиќ за следната сезона нуди женски костими во прекрасни пролетни бои, надополнети со ремени и марами извезени со уникатни мотиви.

Што се однесува до боите, дизајнерката и овојпат имаше колоритна палета составена од задолжителната бела, сина, црвена, жолта, кафена и многу други.

„Палетата на бои ја поврзав со песокот и пустината, сè се вртеше околу зајдисонцето, зачините...“, изјави дизајнерката зад сцената.

Во колекцијата ќе најдете и женствени фустани во А – крој надополнети со ремени на половината и вистинска уметност исцртана во предниот дел. Дизајнерката истите ги комбинираше со волуменозни чанти и шик чевли.

Изнанедување беа палтата кои помалку наликуваа на машки, но совршено се вклопија со широките килоти и свилените марами.

Извор и фото: WWD

Објавено:
18 септември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
184 пати