Новата колекција на Сара Бартон за Александар Меквин е чиста уметност. Маестрално изведена идејата што во основата на брендот ја постави нејзинот основач, а се однесува на театралност, драматичност и мистика, спакувани за модерното доба.
Генијалноста е воочлива во секој сегмент – од специфичните кроеви во кои секогаш е присутна играта со волумен и асиметрија, до изборот на комбинација на ткаенини и материјали, како оној препознатлив спој на тантела со кожа.
Умешноста на оваа дизајнерка да го прочита генијалнот ум на Александар Меквин, и да го пренесе неговиот свет и без неговото физичко присуство, и загарантираа авторитет и љубов кај лојалните почитувачи на неговото дело.
Оваа колекција е современа и модернизирана реплика на најсуштинската Меквин естетика.
Имплементирани се елементи од актуелните тенднеции, како комбинацијата на патики со костуми, волуменозните ракави и карнери, ама паралелно есенцијата на оваа модна куќа го носи карактерот на новата линија.
Ние уживавме во прегледувањето на новиот лукбук, какво е вашето искуство?