Урбан луксуз со потписот на српскиот дизајнер Владо Савиќ

27 ноември 2013

Талентираниот белградски дизајнер, Владо Савиќ, веднаш по завршувањето на Факултетот за применета уметност и дизајн, започна да работи како стилист, а подоцна и како моден уредник на магазинот Bazar и водечки дизајнер на српскиот бренд TFY. За кратко време тој беше забележан на домашната модна сцена, а богатото професионални искуство му овозможи во април оваа година да започне со работа на соствен бренд, а својата колекција „V1“, ја презентираше во рамаките на 33-то по ред издание на Модниот викенд во Белград. Позитивните кометари и критики веднаш му обезбедија место помеѓу најперспективните млади дизајнери, а неодамна ја претстави и новата колекција за есен-зима 2013/14 во концептуалната продавница P1 во Белград, која е во основа и продажно место на дизајнерот.

Владо Савиќ Владо Савиќ

-Кога работам на колекција, никогаш немам конкретна инспирација или тема, туку само визија која сакам да ја остварам, вели Савиќ и додава дека така било и во однос на изработката на новата колекци.

-Инспирација за мене секогаш е сублимат на импресии кои секојдневно го привлекуваат моето внимание. Следам се што е ново и прогресивно во сите животни сфери, особено во уметноста. Никогаш претерано не се потпирам на одредена епоха или личност, туку целам кон тоа мојата естетика да има современ израз.

Новата колекција на авангардниот српски дизајнер е комбинација од спортски и романтични елементи, создавајќи силуета со која се нагласува женственоста, софистицираноста и елеганцијата.

Спојот на различните ткаенини, специфичните кроеви и хармоничната палета на бои, на оваа колекција и даваат една нова димензија на урбан луксуз која е карактеристична за дизајнерот.

Автор: Бранка Гајиќ, дописник за fashionel од Белград

Фотографија: Марко Тодоровиќ

 

Објавено:
27 ноември 2013
Категорија: 
Колекции