Дизајнерката Наташа Ремзи Леви продолжува да ја гради ретро приказната за Клое девојката, па така во новата, ресорт колекција за 2019 повторно смести неодоливи парчиња кои потсетуваат на шармантните 70 – ти.
Оваа сезона мотивите со коњи се чини се омилени на дизајнерките, па така, по Стела Мекартни, и Ремзи Леви нуди магични принтови на парчињата во вид на монограми.
Како и секогаш, дизајнерката понуди романтични тантелни фустани, но овој пат акцентот повеќе го стави на дводелните комбинации во кои вклучи панталони, фармерки и широки здолништа со висок струк, на кои им додаде лежерни кошули или тесни блузи.
Како и секогаш, модната куќа понуди неверојатни модни додатоци, со шик чантите во преден план, со кратки и долги ремени, со истакнато лого на брендот и со бројни украси кои знаеме дека ќе ви се допаднат.
И во оваа колекција дизајнерката смести кул очила за сонце со интересни форми, обетки со привезоци, разни ремени, шик сандали, впечатливи високи чизми и чорапи со нивното лого.
Во галеријата погледнете ги прекрасните парчиња во кои ќе се заљубат сите ретро девојки.