Вака изгледа пред-есенската колекција на Ели Сааб

29 август 2014

Во исчекување на пред-есенската колекција на Ели Сааб за 2015 година, се потсетуваме на пред-есенската колекција за оваа година. Кога е овој дизајнер во прашање, сите очекуваат тантела и монистра. И тоа го има, но главниот акцент не е ставен на тие материјали, а освен нив застапени се кашмир и крзно.

Повеќето креации се со едноставен крој и линии. На моменти дизајнерот си игра и со боите, како и геометриските форми. Така на пример, капутите се во трапезна форма, а истата форма се сретнува и кај јакната од сатен украсена со патенти, како и кај туниката од тантела и органза.

Дизајнерот посебно внимание обврнал внимание на чевлите, кои се сосема соодветни на фустаните, а кога се чантите во прашање, тие се изработени од кожа, во метални нијанси.

Погледнете и уживајте:

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Колекции