Вака изгледа Ресорт колекција на Ели Сааб

10 јуни 2015

collage1

Гламурот на раните 1970-ти во Калифорнија е една од водечките инспирации за новата Ресорт колекција на Ели Сааб. Дизајнерот кој секогаш внимава на тоа да се истакне женскиот струк, може да се рече дека овојпат малку излезе од комфорната зона, а тоа се покажа и преку фустаните во форма на кафтани и широки силуети, комбинезоните и панталоните од тантела.

Сепак, препознатливите широки и гламурозни здолништа на Ели Сааб не изостанаа.

Во продолжение, погледнете ја целата колекција. Сигурни сме дека макар едно парче ќе се најде на листата на ваши омилени ова лето.

Објавено:
10 јуни 2015
Категорија: 
Колекции