Error message

Валентино најавува цветна есен!

15 јануари 2015

Прекрасната есен – зима колекција на феноменалниот бренд Валентино е целосно инспирирана од верата, надежта и љубовта. Неверојатните дизајнери на модната куќа Валентино, Мариа Грациа Чури и Пјерпаоло Пичоли, за новата колекција есен/зима 2015 соработуваа со британската дизајнерка Селиа Биртвел, која ги изработи раскошните цветни принтови заедно со италијанскиот поп уметник Џосето Фјорони.

Со неверојатните 13 колекции што брендот ги лансираше изминатата година, вистинско чудо е тоа што соработниците на Валентино не прават вакви соработки многу почесто, особено ако го земеме во предвид фактот што новата колекција во која се сместени 90 комбинации, изгледа фантастично.

Инспирација за прекрасните цветни мотиви, британската дизајнерка пронашла во славната слика на Ботичели „La Primavera“, додека италијанскиот уметник Фјорони го смислил мотивот срце и изразот „Твоите очи се очи на жената која љуби“, што се провлекува како таков низ неколку парчиња.

Тие ја најавија одличната романтична колекција преку лукбук во духот на брендот во кој сѐ уште доминира атмосферата на 70 – тите, богатите везови и детали, како и романтичните парчиња што го одземаат здивот.

Во продолжение, погледнете го лукбукот во целост и уживајте во раскошните парчиња на секогаш одличните Валентино.

Објавено:
15 јануари 2015
Категорија: 
Колекции