Варијации на принтови во кампањата на Александар Меквин

20 јануари 2015

Mодната куќа Александар Меквин ги објави фотографиите од рекламната кампања за претстојната сезона пролет – лето 2015. Приказната е дело на фотографот Дејвид Симс, кој одлучи кадрите да ги „улови“ во студио во Лондон, а за своја муза ја одбра манекенката Каролин Волтер. Целата фото – галерија е веќе објавена на официјалниот веб – сајт на брендот, а наскоро одличните фотографии ќе се најдат на страниците во мартовското издание на списанието Vogue.

Во помалку мрачен амбиент не премногу пренатрупан со декоративни елементи, Каролин доаѓа комплетно до израз. Делумно, благодарение на модните комбинации кои изобилуваат со различни варијации на силни принтови. Фризурата беше залижана наназад, додека пак шминката беше едноставна со особен акцент на црвените усни и тенките веѓи.

 

Објавено:
20 јануари 2015
Категорија: 
Колекции