Версаче ни предвидува луцидно колоритно лето 2019

22 септември 2018

Версаче со своите последни колекции, повторно во фокусот на вниманието ги стави трендовите од 90-те. Слоевити комбинации, неспоеви споеви, луциден колорит и микс на принтови.

Во својата последна колекција за сезоната пролет-лето 2019 што беше прикажана на Миланската модна недела, Донатела направи синхронизација на она што е типично за Версаче – женствениот сексапил, со она што и не е некоја карактеристика на брендот, како што е цветниот принт како и лелеавите романтични кроеви.

Овој пат на писта видовме микс на препознатливоста на Версаче со тенденции типични за духот на 70-те години и 90-те години.

Ревијата започна со комбинации во кои доминира PVC кожа во интензивен колорит, со еклектичен спој на различни принтови, а продолжи со слоевити аутфити во кои најмногу вниманието го одвлекува ситниот цветен принт. Финалниот дел од ревијата беше резервиран за она што е белег на дизајнот на версаче, сексапилни фустани со високи шлицови.

 

Објавено:
22 септември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
440 пати