Весели детски комбинации за првите училишни денови

1 септември 2016

Дури и тие што одамна завршија со училишните обврски, денеска несомнено ја почувствуваа возбудата на учениците што започнуваат нова учебна година, а особено на првачињата.

Во овој период на подготовки за нова учебна година, најмногу обврски можеби имаа родителите на учениците со цел да им ги обезбедат најсоодветните услови на своите деца за успешен старт на годината.
Вчера ви презентиравме како креативно да го уредите училишното катче во домашни услови, а денеска ви претставуваме дел од новите детски линии на светските „high street" брендови.

Покрај основниот училишен прибор, училишното ранче со омилените цртани херои, еве неколку дополнителни идеи доколку сте во потрага по освежување на есенскиот плакар на вашиот ученик и покрај тоа што во некои училишта е задолжителна и училишната униформа.

Објавено:
1 септември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
309 пати