Викторија Бекам креираше колекција за жената „The Boss“ – флерт со елеганција, строгост и женственост

16 септември 2019

Тргнувајќи од себе, Викторија Бекам секогаш во своите колекции го имплементира дизајнот што самата би го носела. Таа е заштитно лице на својот бренд, и тоа веќе 10 години успешно го продава.

Истата успешна формула ја примени и во новата колекција за пролет-лето 2020, што ја промовираше вчера во рамките на Модната недела во Лондон.

Нејзиното семејство – во прв ред се разбира, покрај Ана Винтур, е секогаш најголемата поддршка, а вниманието покрај на колекцијата им е посветено и ним. А како и не би?

Како што ќе каже и дизајнерката, таа креира парчиња во кои жената ќе се чувствува самоуверено.
Вели дека во својата младост носела најчесто црна облека и ретко применувала бои, но потоа го открила светот на колорот и сфатила дека во него има голем шарм. Затоа, со својата работа сака да им овозможи на жените да најдат самодоверба во храбри зелени, виолетови, портокалови парчиња.

Акцентот е на фустаните. Во лелеави и опуштени кроеви, со нагласено V деколте, полетни при движење, танцување со секој чекор...

 

Но, покрај фустаните, колекцијата им отстапува простор и на слоевито комбинраните костуми во кои лесно ќе ја препознаете естетиката на 70-те: ролка, кошула, лесно сако и макси панталони се спојот што според Бекам ќе и даде стилски акцент на следната пролет-лето сезона.

 

Фото: Vogue

Објавено:
16 септември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.271 пати