Викторија Бекам: Не мора да ги следиме правилата – треба да си ги следиме инстинктите!

17 февруари 2020

На Лондонската модна недела, Викторија Бекам секогаш е меѓу најатрактивните дизајнери за чии колекции јавноста особено е заинтересирана.

И со право! Бекам низ годините се профилираше како бренд кој предизвикува, освежува и возбудува.
Во своето видување на жената за следната есен-зима сезона, Викторија Бекам кокетираше истовремено и со традицијата и со бунтовништвото.

Како ќе каже и самата, оваа колекција само по себе е „нежен бунтовник", линија во која кодовите се испреплетуваат и е микс на рафинираност и неконвенционалност.

„Бев инспирирана од различните идеи за жената – различни карактери, моменти и ставови, но без рестрикции. Преовладува размислувањето дека не мора да ги следиме правилата, туку дека треба да ги следиме своите инстинкти", вели Бекам.

Силуетите се дефинираат во едно ново и свежо презентирање на елеганцијата.

„Сакав да истражувам како да ја испочитувам традицијата, а истовремено да ја предизвикам конвенцоналноста. Да постигнам ефект на субверзивност, а сепак истовремено и софистицираност. Класичните материјали се редефинирани и комбинирани со спонтаност и игривост", додава во описот дизајнерката.

Секое парче од колекцијата ја охрабрува жената да остане верна на себе, а сепак понекогаш да се изненади, да се предизвика и да излезе од своите комфорни рамки.

Нејзиното семејство секогаш ги освојува симпатиите на јавноста, следејќи го модното шоу од првите редови. Дејвид Бекам, заедно со Харпер, Ромео и Круз, беа атракција исто колку и самата Викторија.

Објавено:
17 февруари 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.717 пати