Виножито од пастелни бои во првата заедничка колекција на Тејлор Свифт и Стела Мекартни
•
23 август 2019
Соработките меѓу познатите со цел да допрат до што поширока публика со што поголемо влијание, е карактеристика на шоу бизнисот.
Една во низата такви соработки, деновиве го предизвикува внимането на модната јавност.
Се работи за нова, заедничка еколошка колекција на пејачката Тејлор Свифт и британската модна дизајнерка Стела Мекартни, а е инспирирана од новиот албум на Свифт, „Lover".
Неодамна излегоа првите промотивни фотографии на кои може да забележиме дека се работи за младешка колекција во која доминира виножито од пастелни тонови и заедничкиот потпис на двете моќни жени, секоја успешна во својата бранша.
Во продолжение погледнете ја фотосесијата.